Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Пакистан


Најмалку седум лица загинаа, а 11 повредени во денешната серија напади во Пакистан.

Радио Слободна Европа од Пакистан јави дека најмалку четири лица загинаа, меѓу кои, двајца полицајци кога бомбаш - самоубиец се разнесол пред шиитска џамија преполна со верници во Равалпинди, во близина на главниот град, Исламабад. Десет други беа повредени.

Исто така, еден маж и една жена се убиени при експлозија на бомба во близина на минибус во Kурам племенска област во близина на границата со Авганистан. Во Карачи, пак една жена загина, а друго лице е повредено при експлозија на бомба.
XS
SM
MD
LG