Достапни линкови

Собранието ја продолжува расправата по предлог буџетот за 2014


Собранието ја продолжува 80 - та седница на која ќе се расправа по дополнетиот предлог на буџетот на Република Македонија.
На дневен ред на седницата се и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната мисија во Авганистан - ИСАФ, потоа предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија, како и предлог-одлуките за објавување јавен конкурс за именување член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.
XS
SM
MD
LG