Достапни линкови

Русија:се очекува да биде изгласан законот за амнестија


Руската Дума се очекува да го изгласа законот за амнестија Во долниот дом на парламентот законот го помина првотот читање вчера. Критичарите велат дека тој ќе помогне да бидат ослободени само мал дел од повеќе од половина милион затвореници во земјата. Законот може да придонесе во затвор да бидат ставени некои непријатели на Владимир Путин како што е поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски или Алексеј Навални, лидерот на опозицијата кој е осуден условно на пет години казна затвор за која тој вели дека е политички мотивирана. Сепак, тој може да доведе до предвремено ослободување на членовите на Пуси Рајот кои протестираа против Путин пред главната катедрала на Русија.
XS
SM
MD
LG