Достапни линкови

logo-print

Филе: Србија ќе ги почне преговорите со ЕУ во јануари


Србија доби зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ во наредниот месец. Ова го објави еврокомесарот за проширување Штефан Филе на својот твитер профил, за време на расправата на шефовите на дипломатиите на Унијата во Брисел за напредокот на земјите од Западен балкан.

Претходно, високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон изјави дека мора да се уважи тоа што Белград и Приштина суштински ги применија сите елементи од априлскиот договор за нормализација на односите и дека затоа најдоцна во јануари 2014 Србија треба да ги почне преговорите за членство. Се наведува дека најверојатен датум за почеток на процесот на преговори е 20 јануари.

Се смета дека со Црна Гора ќе бидат отворени 5 поглавја од преговорите, а дека лидерите на Босна и Херцеговина ќе добијат порака посериозно да се посветат на реформите.

Се очекува Македонија повторно 5- та година по ред да не добие датум за преговори поради нерешениот спор со името со Грција и забелешките за подобрување на добрососедските односи со Бугарија. Како што се јавува од Брисел и тонот на заклучоците за Македонија е на пониско ниво од претходно.
XS
SM
MD
LG