Достапни линкови

ЕУ - Балкан: За Србија почеток на преговори со ЕУ во Јанаури


Високиот преставник на ЕУ Кетрин Ештон изјави дека мора да се уважи тоа што Белград и Приштина суштински ги применија сите елементи од априлскиот договор за нормализација на односите и дека затоа најдоцна во јануари 2014 Србија треба да ги почне преговорите за членство.

Имено, ова дел е нејзината порака до министрите за надворешни работи на ЕУ кои вечерва расправаат за напредокот на Западен Балкан.
Се наведува дека најверојатен датум за почеток на процесот на преговори е 20 јануари.

Се смета дека со Црна Гора ќе бидат отворени 5 поглавја од преговорите а дека лидерите на Босна и Херцеговина ќе добие порака по серизоно да се посветат на реформите.

Се очекува Македонија повторно 5 та година по ред да не добие датум за преговори поради нерешениот спор со името со Грција и забелешките за подобрување на добрососедските односи со Бугарија. Како што се јавува од Брисел и тонот на заклучоците за Македонија е на пониско ниво од претходно.
XS
SM
MD
LG