Достапни линкови

Бесими: Продолжуваме со ЕУ агендата


Фатмир Бесими

Фатмир Бесими

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска имаше завршна годишна средба со амбасадорите на земјите членки на Унијата акредитирани во Македонија. Бесими, како што соопшти неговиот кабинет, ја потврдил посветеноста на Владата за продолжување на реформите и евроинтегративниот пат на земјата. Тој ја повторил заложбата за решавање на отворените прашања со соседите и побарал поддршка од земјите членки на ЕУ за олеснување на надминувањето на постоечките разлики со Грција и Бугарија. Бесими искажал очекување дека на декемврискиот самит земјите членки ќе го признаат напредокот на Република Македонија потврден со извештајот на ЕК и оти ќе биде даден сигнал за продолжување на реформите во земјата, кои се опфатени и со пристапниот дијалог на високо ниво.
XS
SM
MD
LG