Достапни линкови

Русија разместила проектили и во Северен Кавказ


ракетите со краток дострел Искандер

ракетите со краток дострел Искандер

Русија, според најновите извештаи од Москва, распоредила батерија на ракетите со краток дострел Искандер во Северен Кавказ. Руски воени извори навдеуваат дека наскоро таму ќе бидат распоредни уште две батерии. Вчера Соединетите држави изразија загриженост по извештаите дека Русија разместила Искандер ракети во руската енклава Калининград која се наоѓа меѓу Полска и Литванија. Москва најави дека ќе размести вакви ракети со дострел од 500 километри како одговор на планираниот американски противракетен систем.
XS
SM
MD
LG