Достапни линкови

Обама на состанок со директори на технолошки компании


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се состане со директори на водечките технолошки компании, меѓу нив и на Гугл, Твитер, Епл, Фејсбук, Јаху, Мајкрософт, за да разговара за сајбер просторот и неговата заштита. Извори во Белата куќа велат дека главно ќе стане збор за националната безбедност и за економските последици од ширењето разузнавачки податоци без одобрување. Овој состанок е организиран една недела откако осум големи интернет компании во отворено писмо го повикуваат Обама да го ограничи надзорот што го обелодени поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност Едвард Сноуден.
XS
SM
MD
LG