Достапни линкови

Во Москва средба Путин, Јанукович


Украинскиот претседател Виктор Јанукович ги почна денешните разговори во Москва со рускиот претседател Владимир Путин. Новинските агенции јавуваат дека Јанукович ќе барал нов заем, како и пониска цена на рускиот гас за Украина. До средбата доаѓа и покрај неколкунеделните масовни протести во Киев против одлуката на Јанукович да не ја потпише спогодбата за асоцијација со Европската унија. Илјадници проевропски демоснтранти кои се наоѓаат на Плоштадот на независноста во Киев страхуваат дека Јанукович е во Москва на подготвка на Царинската унија на Украина со Русија.
XS
SM
MD
LG