Достапни линкови

Србија најверојатно во јануари на преговори со ЕУ


Шефовите на дипломатиите на Европската унија, според извори на Радио Слободна Европа во Брисел, на денешниот состанок најверојатно ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите со Србија во идниот месец и без дополнителни услови. Претходно имаше најави дека преговорите би почнале уште во овој месец. Се смета дека до извесното одолжување доаѓа поради неуспехот да се постигне договор за правосудството на Косово во минатата недела. Македонија исто така се надева да добие датум за старт на преговорите, но се очекува министрите и по петти пат да го одбијат тоа, главно поради нерешениот спор со Грција околу името.
XS
SM
MD
LG