Достапни линкови

Буџет - Денес ќе трошиме, утре ќе плаќаме


Архивска фотографија: Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Архивска фотографија: Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Кога владата вели дека нема да ги зголемува даноците, тоа е огромна лага, бидејќи зголемувањето на јавниот долг над капацитетот на економијата значи одложено зголемување на даноците, вели бившиот гувернер на Народна Банка Петар Гошев.

Ќе се зголемуваат плати во јавната администрација, пензии, социјална помош и субвенции, а нема да се зголемуваат даноците. Колку е ова можно? Растот на економијата, во предлог буџетот за 2014, е предвиден на 3,2 отсто. Се поставува прашање дали ќе може да се соберат планираните 2,573 милијарди евра, ако се има предвид дека е многу веројатно дека ни годинава буџетот нема да се наполни според планираното и ќе остане покус за стотина милиони евра.
Кога владата вели дека нема да ги зголемува даноците, тоа е огромна лага, бидејќи зголемувањето на јавниот долг над капацитетот на економијата значи одложено зголемување на даноците.

Завршните сметки на буџетите од минатите неколку години покажуваат дека секоја година владата се преценува, односно останува покуса во планираните приходи за 100 до 150 милиони евра, па тоа се одразува и на зголемувањето на долгот и на трошењата кои секоја година се за стотина милиони евра помали од планираното.

Шаблонот е јасен, владата континуирано го зголемува долгот на државата, вели поранешниот гувернер на Народната банка и поранешен министер за финансии, Петар Гошев.
Архивска фотографија: Зоран Ставрески и Петар Гошев.

Архивска фотографија: Зоран Ставрески и Петар Гошев.


„Кога владата вели дека нема да ги зголемува даноците, тоа е огромна лага, бидејќи зголемувањето на јавниот долг над капацитетот на економијата значи одложено зголемување на даноците и тоа ќе се случи подоцна, дали под оваа влада или целиот метеж ќе и биде оставен на некоја друга влада“, вели Гошев.
Би потсетил на познатите мастришки критериуми, кои сугерираат за земјите членки на ЕУ и кандидатите дека прифатливата стапка на буџетски дефицит е некаде околу 2 проценти.

Тој вели дека дури и под услови владата да го оствари планираниот прираст на приходите, тој прираст е помал од вкупните отплати на долговите што доспеваат наредната година. Лошата состојба во економијата ја покажува и носењето на новиот Закон за финансиска дисциплина, вели Гошев и додава дека со тоа владата си донесе закон за саморепрогамирање на долговите кон внатрешните доверители.

„Зборот репрограмирање е алтернатива, синоним, еуфемизам за банкротство. Со тој закон владата индиректно соопшти еден вид на банкротство, затоа што со тој закон таа кажа дека не може да ги измирува обврските во роковите коишто важат за приватниот сектор. Со закон да си определиш многу подолги рокови, со стотици отстапки таму, тоа значи со закон да покажеш дека ти не си способен да ги измируваш своите обврски кон внатре“, вели Гошев.

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски вели дека проекцијата на буџетот е правена согласно предвидувањата за планираната стапка на раст на БДП-то и очекуваните подобрувања во економската клима, особено во земјите-трговски партнери на Македонија. Сепак, можно е овие претпоставки да не се остварат, а во тој случај, или ќе се зголеми задолжувањето или ќе се намалат расходите. Тој потсетува дека годинава со ребалансот владата го зголеми буџетскиот дефицит од и онака високите 3,5 отсто на 3,9 отсто од БДП-то, односно го зголеми задолжувањето.

„Тука јас го гледам проблемот, затоа што на долг рок не е одржлива таа стапка за Македонија. Би потсетил на познатите мастришки критериуми, кои сугерираат за земјите членки на ЕУ и кандидатите дека прифатливата стапка на буџетски дефицит е некаде околу 2 проценти. Сметам дека таа стапка треба да биде што е можно побрзо воспоставена во наредниот период“, вели Ивановски.

За догодина државата треба да потроши 2,87 милијарди евра, а да собере 2,57 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е позициониран на 3,5 проценти. Растот на економијата според проекциите ќе изнесува 3,2 отсто.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG