Достапни линкови

logo-print

Самарас ја откажа посетата на Азербејџан


Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја откажа својата посета на Азербејџан, каде требаше да присуствува на потпишувањето на два енергетски договора, откако владиниот авион непосредно по полетувањето поради неисправност беше принуден да се врати на воениот аеродром во близина на Атина. Проблемот бил забележан 15 минути по полетувањето кон главниот град на Азербејџан, Баку. Инаку, едниот договор е за доделување лиценца за оператор на грчката гасоводна мрежа ДЕСФА на азербејџанската државна компанија СОКАР, а вториот за изградба на гасовод за пренос на азербејџански гас преку Грција и Албанија до Италија.
XS
SM
MD
LG