Достапни линкови

logo-print

Членките на ЕУ поделени околу Албанија


Седум земји на Европската унија во писмо до нивните колеги на состанокот на шефовите на дипломатиите во Брисел побараа на Албанија да и се одобри статус на кандидат за членство. Воздржаност во врска со ова прашање веќе изразија Германија, Британија, Франција, Данска и Холандија. Најмногу сомнежи има Холандија каде што парламентот побара од владата на таквата одлука на Советот на министрите на Унијата да стави вето. Писмото со поддршка за Албанија е потпишано од министрите на Италија, Австрија, Унгарија, Бугарија, Хрватска, Естонија и Ирска.
XS
SM
MD
LG