Достапни линкови

Собраниска расправа за Буџетот - 2014


Расправата по Буџетот за 2014 година претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја закажа за денеска во 11 часот.Собранието ја почна расправата за предлог буџетот вчера во рамки на 80-та седница.Пратениците на опозицијата обвинија дека Буџетот за 2014 година е неразвоен и нереален, нетранспарентен и дава можност за, како што рекоа, уште едно манипулирање и купување гласови пред избори. Сметаат дека тој не нуди можност за раздвижување на економијата и отворање нови работни места, туку предвидува непродуктивни трошоци.Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека и минатата година ги слушнал истите критики, но, како што рече, во време на криза Македонија забележа економски раст, планира покачување на платите во државната служба, а дел од фирмите успеале да ги вратат долговите.
Вкупните приходи на Буџетот се проектирани на 158.343 милиони денари.
XS
SM
MD
LG