Достапни линкови

Ставрески: половина милијарда евра за капитални инвестиции


Буџетот за идната година ќе овозможи подинамичен економски раст преку реализација на капитални инвестиции кои се за 11 проценти повеќе во однос на оваа година и ќе ја задржи социјалната стабилност преку зголемениот износ за пензии и социјална помош. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски образложувајќи го предлог буџетот пред пратениците во Собранието. Вкупните приходи на Буџетот се проектирани на 158.343 милиони денари. Расходите на 176.514 милиони денари, а дефицитот е планиран на ниво од 3,5 проценти од БДП. Растот на економијата за 2014 година е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата ќе остане во зоната на ниските вредности од 3,3 проценти.
XS
SM
MD
LG