Достапни линкови

Со гасификација до почист скопски воздух


Гасификација.

Гасификација.

Експертите за енергетика се согласуваат дека гасификацијата би помогнала за подобар воздух, но ако нема економска исплатливост, луѓето нема да се префрлат на користење на гас.

Гасифакцијата е една од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот, неколкупати досега препорачаа властите. Експертите за енергетика се согласуваат дека тоа многу би помогнало за подобар воздух, но гасификацијата е комплексна работа и ако нема економска исплатливост луѓето нема да се префрлат на користење на гас, вели професор Константин Димитров.
Тој што ќе сака да влезе во таа дејност ќе треба да ги вложи тие пари, да направи дистрибутивни системи, да приклучи, но во исто време и граѓаните ќе треба да вложат пари.

„Досега не дошло време сериозно да се размислува за пренасочување кон гас. Економската причина е што гасот беше се уште поскап во однос на поевтините други суровини, поевтина електрична енергија, поевтино дрво и тоа е причината, никој не сака да плати поскапо“, вели тој.

Во предлог буџетот за следната година се предвидени околу 4 милиони евра за активности за „изработка на физибилити студија за гасоводен систем со Никола Тодоров, министер за здравство и Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје на прес конференција.

Никола Тодоров, министер за здравство и Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје на прес конференција.

идеен проект и изработка на основен и изведбен проект за приоритетна делница за магистрален гасовод за утврдените делници, како и за изградба на Национален гасоводен систем“. Речиси исто толку пари за истата намена се предвидени и за оваа година.
Спасот го наоѓаме со тоа што ќе настане гасификација на Градот, веќе министерството ја изготви таа студија за гасификација, во којашто приоритет е градот Скопје.

Решението за намалување на загадувањето на воздухот е гасификацијата, тврди и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

„Спасот го наоѓаме со тоа што ќе настане гасификација на Градот, веќе министерството ја изготви таа студија за гасификација, во којашто приоритет е градот Скопје. Се надевам дека некаде во јануари ќе биде објавен тендерот за гасификација на Скопје“, рече Трајановски.
Министерот за животна средина Абрулаќим Адеми на TAIEX работилница за квалитет на воздух.

Министерот за животна средина Абрулаќим Адеми на TAIEX работилница за квалитет на воздух.


Над 60 отсто од скопјани индивидуално ги загреваат своите домаќинства, а останатите се затоплуваат преку топлификација. Од 64 отсто колку што имаат индивидуално греење, 48 проценти се затоплуваат на дрва.

Гасификацијата на скопскиот регион, кој вклучува 17 општини, ќе чини околу 100 милиони евра, првите мрежи може да почнат да се прават на крајот на идната година, а целиот регион комплетно може да се гасифицира за четири години, се наведува во Студијата за исплатливоста на гасификација на сите населени места во земјава, нарачана од Министерството за транспорт и врски.

Парите за гасификација не ги дава државата, вели професор Димитров, тоа ќе падна на товар на тој што ќе ја започне дејноста и на граѓаните.

„Тој што ќе сака да влезе во таа дејност ќе треба да ги вложи тие пари, да направи дистрибутивни системи, да приклучи, но во исто време и граѓаните ќе треба да вложат пари, затоа што ако сакате да користите гас ќе треба да купите опрема што може да работи на гас. Ако имате бојлер на електирична енергија ќе треба да го смените со бојлер на гас, ако имате котел на течно гориво ќе треба да се купи што ќе работи на гас, во се тоа граѓаните ќе треба да вложат пари“, вели Димитров.

Министерот за животна средина Абдулаќим Адеми оцени дека загадувањето на воздухот доаѓа од сообраќајот, домаќинствата и градежништвото, а не од големите индустриски капацитети. Тој вели дека поголемите загадувачи во скопскиот регион не работат, а останатите големи капацитети исполнуваат еколошки стандарди. Адеми смета дека треба да се подигне свеста кај граѓаните за да користат поквалитетно гориво за греење и да не ги користат возилата.

Доколку квалитетот на воздухот не се подобри во текот на 10 последователни дена, тој најави дека ќе се преземат конкретни чекори.

Една недела по ред воздухот во главниот град, но и во Тетово е загаден над дозволеното. Градските власти пред некој ден препорачаа граѓаните да не престојуваат на отворено, да не проветруваат, да не ги користат автомобилите, ако не е неопходно.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG