Достапни линкови

Москва: распоредувањето ракети Искандер, легитимно


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека со распоредувањето на ракетите Искандер со краток дострел во западниот дел на земјата Москва не ги крши меѓународните договори. Ова е одговор на извештајот објавен во германскиот весник "Билд", кој пишува дека Москва рапоредила вакви ракети со дострел од 500 километри во руската енклава Калининград која се наоѓа меѓу Полска и Литванија. Овие две земји распоредувањето го оценија како загрижувачко. Русија долго време се закануваше дека ќе распореди проектили во регионот Калининград како контрамерка на планираниот американски ракетен одбранбен систем.
XS
SM
MD
LG