Достапни линкови

Лажниот преведувач на погребот на Мандела, избегнал судење


Роднини и пријатели на лажниот преведувач за глувонемите од комеморацијата на починатиот јужноафрикански лидер Нелсон Мандела изјавиле дека тој бил во групата луѓе кои пред десет години запалиле две лица. Тоа го сториле откако ги фатиле со украден телевизор. За разлика од другите осомничени кои се појавиле на суд, лажниот преведувач Тамсанка Јантје го избегнал судењето, бидејќи властите утврдиле дека бил ментално неспособен. „Тоа беше работа на заедницата, она што го викаме правда на масата“, рече Јантје. Тој деновиве изјави дека боледува од шизофренија и оти на комеморацијата на Мандела имал халуцинации со анѓели и слушал гласови.
XS
SM
MD
LG