Достапни линкови

logo-print

Иванов, член на Светската академија на науките и уметностите


претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

На претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска му беше врачен сертификат за членство во Светската академија на науките и уметностите. Сертификатот му се доделува како признание за неговите исклучителни научни и општествени достигнувања и посветеност на целите за глобална човекова состојба, мир и одржлив развој. Светската академија на науките и уметностите е меѓународна невладина научна организација, светска мрежа на членови избрани за истакнати постигнувања од областа на природните и општествените науки, уметноста и хуманистички науки.
XS
SM
MD
LG