Достапни линкови

Адеми - Скопје не е загадено од големите капацитети


Загадувањето на воздухот доаѓа од сообраќајот, домаќинствата и градежништвото, а не од големите индустриски капацитети, смета министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
По отворањето на дводневната ТАИЕХ работилница за квалитет на воздух Адеми денеска посочи дека поголемите загадувачи во Скопскиот регион како Макстил, Скопски легури и други капацитети во кругот на Железара, не работат од 28 ноември, а другите големи капацитети исполнуваат еколошки стандарди.
XS
SM
MD
LG