Достапни линкови

По судaрот на возови кај Велес, сообраќајот се уште во прекин


Железничкиот сообраќај се уште е во прекин по синоќешниот судaр на товарен и патнички воз на пругата Скопје - Велес, но се работи на нормализирање на сообраќајот, изјави за МИА директорот на МЖ Транспорт а.д. Скопје Оливер Деркоски.
При несреќата, вели Деркоски, со мали повреди се здобил кондуктерот од патничкиот воз, кој е пренесен на клиниките во Скопје, каде на преглед е упатен и машиновозачот, согласно безбедносните процедури.
Нема повредени патници и за сите е организиран превоз со автобус до крајната дестинација. Според првичните сознанија, најверојатно причина за несреќата е човечки фактор, но треба да се почека на завршување на истрагата.
Веднаш е проверена сигнализацијата и е утврдено дека е во ред, посочува Деркоски.
XS
SM
MD
LG