Достапни линкови

Буџетот од денеска ќе се разгледува во Собрание


Собранието на Република Македонија денеска на осумдесеттата седницаќе ја почне петдневната расправа за дополнетиот предлог - буџет за 2014 година. Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата на 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.
XS
SM
MD
LG