Достапни линкови

Илјадници демонстранти на улиците на Киев


Илјадници демонстранти ја поминаа ноќта на улиците на Киев . Немирите во главниот град на Украина траат веќе четири недели поради одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не ги потпише договорите за трговија со Европската унија во интерес на поблиски односи со Русија. Додека илјадници про-европски демонстранти од една страна и подржувачи на власта од друга страна се собираа во Киев синоќа, Европската унија најави дека ќе ги прекине преговорите со Украина за договорот за стабилизација и асоцијација. Според „Твитер„ профилот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, постапките на Јанукович и неговата влада ја оддалечуваат земјата од договор со Унијата.
XS
SM
MD
LG