Достапни линкови

Неделен печат - Финансирање на партиите, Шиповиќ и меѓуетнички односи


Илустрација.

Илустрација.

Кој функционер од власта ќе им прави друштво на Љубе и на Велија?, прашува Фокус. Глобус анализира дека случајот Шиповиќ ќе оди бавно, за општина Центар да биде блокирана што подолго, а Република ги анализира меѓуетничките односи.

Фокус - Кој функционер од власта ќе им прави друштво на Љубе и на Велија?
Колку Самоили има во финансиските извештаи на чесната и пречесна ВМРО-ДПМНЕ?

Претседтелот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

Претседтелот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

Кој функционер од власта ќе им прави друштво на Љубе и на Велија? - прашува Фокус во најновиот број во текстот со наднаслов „Донатор“, во кој се анализира трошењето „црни“ пари од страна на владејачката партија за време на досегашните избори. Прашањево особено се поставува откако поранешниот студентски вмровски лидер Самоил Малчески објави дека никогаш не донирал пари за својата партија, а името на неговото семејство се појавило на список на донатори потпишан од министерката Гордана Јанкулоска. Колку Самоили има во финансиските извештаи на чесната и пречесна ВМРО-ДПМНЕ? - прашува Фокус во уводникот посветен на истата тема и додава дали можеби МВР веќе завела акција со кодно име „Донатор“!? Да не му дадат на Малчески статус на загрозен сведок?! Се разбира, попрво Македонец на Месечина ќе стапне отколку да проследиме ваков расплет, иронизира Фокус и додава дека такво нешто може да се случи само кога најбогатата партија во историјата на самостојна Македонија, ДПМНЕ под водство на Груевски, ќе стане опозициска.
Судството беспредметно им го продолжи притворот на уапсените во случајот „Претседавач“, а МВР сè уште ги нема пронајдено насилниците од нападите врз бараките на Центар.

Глобус - Случајот Шиповиќ ќе оди бавно, за општина Центар да биде блокирана

Името на првата полицајка Јанкуловска се спомнува во уште еден текст, овој пат во он-лајн магазинот Глобус, во анализата во која се тврди дека „Истрагата за случајот Шиповиќ ќе оди бавно, со цел општината Центар што подолго да биде блокирана“. Судството беспредметно им го продолжи притворот на уапсените во случајот „Претседавач“, а МВР сè уште ги нема пронајдено насилниците од нападите врз бараките на Центар, пишува неделникот, додавајќи дека држењето на претседавачот Шиповиќ во притвор ја оневозможува превласта на опозицијата на државно ниво и на заобиколен пат се обезвреднува мартовската победа на актуелниот градоначалник, Андреј Жерновски. Во меѓувреме, министерката Јанкулоска „пресуди“ пред судењето давајќи оценка за наводната основаност за апсењето на Шиповиќ, што пак од СДСМ беше оценето како класичен случај на кршење на пресумпцијата на невиност, прекршување на нејзините овластувања и јавно пресудување, потсетува Глобус.

Република - Кој кого мрази и зошто?

Република ја анализира „тивката војна“, како што пишува, меѓу етничките заедници и за меѓуетничкиот македонски коктел. Кој кого мрази и зошто? - прашува неделникот и продолжува дека ретко кој ги забележува судирите меѓу етничките заедници надвор од македонско - албанскиот, а чии потенцијали не се ништо помалку разорни. Албанците не ги сакаат Ромите, Турците се изложени на асимилација од Албанците и приклонуваат кон Македонците, Торбешите се ни ваму ни таму, Србите никој не ги чепка, се чини дека само Власите немаат никакви проблеми со никого, тврди, покрај другото, Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG