Достапни линкови

Екстремно загадување - власта следи, опозицијата критикува


Пет дена по ред воздухот во Скопје е екстремно загаден, јавуваат медиумите. Градоначалникот Коце Трајановски изјави дека се следат состојбите. “Јас не ги знам точно податоците, но кај оние што е најдено поголемо загадување укажано им е да престанат со нивното работење и да ги намалат причините кои доведуваат до загадувањето” рече Трајановски. Опозицијата реагира: Последниве години, Скопје стана најзагаден град во цела Европа, на сите наши апели, критики и барања, Владата одговараше со молк. “Факт е дека во последнава недела, ова загадување доживува свој врв и единствениот чекор што го преземаат македонските власти е да советуваат да не излегуваме од дома, да не' советуваат децата да ги држиме дома и да не проветруваме” забележува Радмила Шекеринска.
XS
SM
MD
LG