Достапни линкови

Осуммина убиени во експлозии во Авганистан


Осуммина загинаа во два напади со бомби поставени покрај патишта во Авганистан, потврдија властите. Министерството за внатрешни работи соопшти дека четворица цивили загинале кога нивното возило преминало преку експлозивна направа во провинцијата Кунар. Четворица полицајци биле убиени а многумина се повредени во експлозија на бомба во соседната провинција Нагархар. Претходно двајца разузнавачи беа повредени претпладнево во напад на установа во близина на границата меѓу Авганистан и Пакистан.
XS
SM
MD
LG