Достапни линкови

logo-print

Мекејн: Украина ќе ја подобри Европа


Американскиот сенатор Џон Мекејн се обрати пред про-европските демонстранти во Киев. “Европа ќе ја подобри Украина и Украина ќе ја подобри Европа” рече сенаторот. Во меѓувреме, про-владините демонстранти одржуваат марш во центарот на главниот град на земјата. Немирите почнаа откако шефот на државата Виктор Јанукович одби да потпише договор за трговија со Европската унија во интерес на односите меѓу Украина и Русија. Опозициските партии повикаа на масовна излезност на денешните демонстрации. Вчера голем број на подржувачи на Јанукович допатуваа во Киев каде почнаа со одржување на маршови со транспаренти под слоганот “Со тебе сме”.
XS
SM
MD
LG