Достапни линкови

Погребан Нелсон Мандела


Нобеловецот и поранешен претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела беше погребан во Куну денеска. По приватната погребална церемонија се одржа и државна церемонија на која присуствуваа илјадници лица, меѓу кои и претставници на владеачката партија, членови на семејството на покојниот лидер и претставници на меѓународната заедница. Со погребот завршува десетдневниот период на жалење во земјата. Мандела беше добитник на Нобеловата награда за мир а претседателскиот мандат го доби на првите избори во Јужна Африка на кои право на учество им беше овозможено на припадници на сите раси.
XS
SM
MD
LG