Достапни линкови

Почна наплатата на премините Јариње и Брњак


На премините Јариње и Брњак од денеска, врз основа на договорот постигнат меѓу Белград и Приштина во Брисел, почнува наплатата на прометот на стоки и капитал на северот на Косово, јави Танјуг. На овие премини поради ЦЕФТА договорот на стоките од централна Србија не се наплатува царина, туку само ДДВ и акцизи. Плаќањето на овие давачки е овозможено на самиот премин, каде е инсталиран терминал на една од банките која работи и во централна Србија и во Косово.
XS
SM
MD
LG