Достапни линкови

Пуштен во употреба регионален пат од 7 километри


Пуштен е во употреба регионалниот пат со кој се поврзуваат селата Ангелци, Вељуса, Водоча и Баница долг 7,5 километри и ширина на коловозната лента од 5,5 метри. “Станува збор за инвестиција вредна 35,6 милиони денари со која се изгради патот Ангелци-Вељуса. Со комплетната реконструкција и поставувањето нов асфалт се поврза и Вељуса со Водоча и Баница” рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Ѓоргиевски.
XS
SM
MD
LG