Достапни линкови

Карзаи бара САД повторно да размислат за пактот за безбедност


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изрази надеж дека Соединетите американски држави повторно ќе размислат за билатералниот пакт за безбедност. Toj повтори дека бара гаранции дека присуството на американски безбедносни сили по 2014 година во неговата земја ќе биде со цел одржување на редот и мирот. Според шефот на државата, несогласувањата со САД би имале сериозни последици. “Народот во Авганистан има ограничени ресурси. Армијата и полицијата ќе страдаат” рече Карзаи за време на посетата на Њу Делхи.
XS
SM
MD
LG