Достапни линкови

logo-print

Суспензии поради насилното растурање на протестите во Украина


од про-владините протести денеска

од про-владините протести денеска

Украинскиот претседател Виктор Јанукович суспендираше двајца високорангирани државни службеници поради насилното растурање на про-европските демонстрации во земјата на 30 ноември. Одлуката беше донесена по најавите за про-владини протести кои се организираат во центарот на Киев, каде кампуваат анти-владините демонстранти. Украинскиот сервис на Радио Слободна Европа јавува дека илјадници подржувачи на шефот на државата се собрани во центарот на Киев од каде почнува маршот за подршка на владеачката партија. Одлуката на Јанукович да не ги потпише договорите за соработка со Европската унија предизвика масовни протести низ целата земја.
XS
SM
MD
LG