Достапни линкови

Гратските власти препорачуваат да не се излегува надвор?


Градот Скопје ќе издава препораки за жителите во врска со лошиот квалитет на воздухот. Надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички во воздухот помали од 10 микрометри, според соошштението на надлежните, се должи на загадувањето и временските услови во главниот град. Граѓаните се повикуваат да се движат на отворен простор само кога е неопходно, додека малите деца, бремените жени, болните и постарите да не излегуваат на улица и да не ги проветруваат просториите, пренесуваат медиумите.
XS
SM
MD
LG