Достапни линкови

Социјалдемократите ќе одлучуваат за коалиција со Меркел


Составот на новата германска влада би бил познат денеска по резултатите од внатрепартиското гласање на Социјалдемократската партија во земјата. Околу 470.000 членови на партијата ќе се изјаснат за или против широка коалиција со конзервативците на чело со канцеларката Ангела Меркел. Партијата на Меркел победи на изборите во септември но не го доби потребното мнозинство гласови за парламентарно мнозинство. Двете партии начелно се договорија за коалицирање чие официјализирање зависи од исходот од гласањето во Социјалдемократската партија.
XS
SM
MD
LG