Достапни линкови

logo-print

Македонија и Бугарија не се договорија пред самитот на Европскиот совет


Бугарија има забелешки за Уставот, јазикот и за македонската историја, пишуваат македонските медиуми по средбата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски со неговиот бугарски колега Кристиан Вигенин во Софија. По средбата се претпоставува дека Македонија и Бугарија нема да потпишат договор за доборососедство пред самитот на Европскиот совет идната недела. Бугарската новинска агенција Фокус ги пренесува изјавите на Вигенин кој како спорни точки ги набројал некои членови од Уставот на Македонија за кои Бугарија бара гаранции дека не се основа за мешање во нејзините внатрешни работи, потоа јазиците на кои треба да биде потпишан договорот. Најчувствителна тема според бугарскиот министер е историјата.
XS
SM
MD
LG