Достапни линкови

САД демантира дека агент на ЦИА исчезнал во Иран


Роберт Левинсон - недатирана фотографија која ја издаде неговото семејство

Роберт Левинсон - недатирана фотографија која ја издаде неговото семејство

Белата куќа соопшти дека американскиот државјанин Роберт Левинсон кој исчезна во Иран пред седум години не работел за ЦИА. Портпаролот Џеј Карни ја демантираше информацијата на американските медиуми дека Левинсон, кој е пензиониран агент на ФБИ, добивал хонорари како соработник на ЦИА со цел да собира информации од Исламската република. “Левинсон не беше американски државен службеник кога исчезна во Иран. Имајки предвид дека истрагата е во тек, не можам да кажам што правел тој во земјата” рече Карни.
XS
SM
MD
LG