Достапни линкови

Вакцина проитив грип, да или не?


Вакцината не ви гарантира имунитет, но го намалува ризикот од добивање грип, велат лекарите.

Во период кога бројот на заболени од сезонски грип расте, лекарите велат дека оние кои се вакцинирале се помалку подложни да заболат од грип. Се разбира дека вакцината не ви гарантира имунитет, но го намалува ризикот од добивање грип, вели доктор Никола Пановски.
Науката го потврдува тоа дека меѓу 50 и 80 проценти од тие што се вакцинирани поретко заболуваат од грип, отколку оние што не се вакцинирани.
Доктор Никола Пановски.

„Науката го потврдува тоа дека меѓу 50 и 80 проценти од тие што се вакцинирани поретко заболуваат од грип, отколку оние што не се вакцинирани.“

За други пак, делотворноста на вакцината како превентивна мерка е дискутабилна. Половина од оние кои примиле вакцина се заштитени, но исто така не постои доказ дека токму вакцината е таа што ги
заштитила, смета доктор Илир Љума.

„Луѓето кои се поосетливи по однос на вирусот, постари луѓе, хронично болни, треба превентивно да стекнуваат имунитет преку внесување на здрава храна, редовно примање на додатоци на исхрана, витамини, докажано е дека витаминот Д е дури поделотворен од самата вакцина.“
Луѓето кои се поосетливи по однос на вирусот, постари луѓе, хронично болни, треба превентивно да стекнуваат имунитет.
Доктор Илир Љума.

Лекарите предупредуваат дека најранлива категорија граѓани за добивање грип се хронично болните од срцеви и малигни заболувања, но и постарите луѓе, иако на крајот пресудна е општата состојба на организмот. Има луѓе кои на 70 години се поздрави, од некои на 40, вели Пановски. Уште еден аспект кој негативно влијае на имунитетот кај луѓето е загадениот воздух, предупредува Пановски. Единствен начин да се заштитите од прекумерната загаденост е да се искористи секоја можна прилика да заминете на планина, но и да се развие свесноста кај луѓето за што помалку користење на автомобилите, вели тој.

„Да одат надвор од градот или да дишат чист воздух, да одат што е можно подолго време на одмор, не мора на море, може на планина, кај што е поевтино и да останат подолго. Луѓето одат 5 дена на море ќе потрошат 1000- 2000 евра, а со тие пари можат да поминат месец-два на планина.“

Дека загадувањето на животната средина во голема мерка влијае врз имунитетот се согласува и доктор Љума. Во врска со појавата на свински грип, Љума вели дека не постои превентива која ќе гарантира заштита од овој специфичен вирус.

„Заканата за заразување од овој вирус е поврзувана токму поради незнаењето која година каков тип на вирус е, поради самите особености на вирусот кој на секои 6 месеци е во состојба да ја измени својата генетски структура.“

Со трите изолирани случаи на свински грип кај 13 годишни деца во Тетово, Македонија стана прва земја во регионот каде што е изолиран предизвикувачот на оваа заразна болест, а повеќе од 430 други лица во моментот се заразени од сезонски грип. Лекарите препорачуваат да се избегнува подолг престој во затворени простории, да се внимава на хигиената на рацете, а болните да не одат на работа, во училиште или во градинка.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG