Достапни линкови

Басеску - ова е посеризоно и од она што го правеше Орбан


Романскиот претседател Трајан Басеску побара оставка од премиерот Виктор Понта и од претседателите на Сенатот и Долниот дом на парламентот Крин Антонеску и Валериу Згонја обвинувајќи ги за удар врз судството.
Шефот на државата во тв-интервју изјави дека тоа е најкусиот пат за решавање на политичката криза од која Романија ризикува да го загуби правото на глас во Европската унија.
Европски амбасади како и Амбасадата на САД ги критикуваа остро промените во Кривичниот закон од вторникот кој обезбедуваат „супер имунитет“ за категории лица на изборни должности по однос на дела за корупција вклучително и членови на парламентот, градоначалници и советници во окрузи. Ова е посериозно од она што го направи Орбан во Унгарија, наведе романскиот претседател.
XS
SM
MD
LG