Достапни линкови

Разговори меѓу опозицијата и власта во Украина


Лидерите на украинската опозиција се состанаа со претседателот Виктор Јанукович за прв пат од почетокот на протестите кои избувнаа поради неговото одбивање да го потпише договорот за асоцијација со Европската унија. Aрсениј Јатсенук од Татковинската партија И Витали Кличко, лидер на партијата УДАР, како и лидерот на националистите Олекс Тианчубук се состанаа со Јанукович. Јанукович вети амнестија за уапсените за време на протестите и рече дека ќе ја разгледа одговорноста на службеници кои работеа врз Спогодбата за асоцијација. Јатсенук пак инсистираше владата да поднесе оставка а полицијата да биде казнета поради дејствувањето врз демонстрантите Се смета дека Јанукович под рускиот притисок минатиот месец одби да го потпише договор за асоцијација со ЕУ.
XS
SM
MD
LG