Достапни линкови

В понеделник состанок Ештон, Лавров


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров в понеделник во Брисел ќе се состане со високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон со која, меѓу другото, ќе разговара за ситуацијата во Украина. Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе стане збор и за унапредувањето на односите меѓу Москва и Брисел. Во Киев веќе 20 денови траат масовни протести поради одлуката на украинската влада да не ја потпише Спогодбата за асоцијација со Европската унија. Рускиот претседател Владимир Путин во вчерашното годишно обраќање до нацијата изјави дека Москва не и наметнува на Украина да влезе во Царинската унија со Русија, Белорусија и Казахстан.
XS
SM
MD
LG