Достапни линкови

Бутарис: вжештени глави зборуваат сешто


солунскиот градоначалник Јанис Бутарис

солунскиот градоначалник Јанис Бутарис

„Разни вжештени глави има секаде и зборуваат се и сешто“, вака солунскиот градоначалник Јанис Бутарис одговори на обвинувањата во грчката јавност дека во Скопје стоел пред банер на кој пишувало Стопанска комора на Република Македонија, јави МИА од Атина. Тој додаде дека Македонците се едни од најдобрите потрошувачи на пазарот во Солун и туристичките места во околината. „Општината не води дипломатија“, рече Бутарис и најави дека наскоро ќе ги посети Приштина, Драч, Софија и Белград каде ќе ги презентира можностите и предностите на Солун, пред се како Европска престолнина на младите во 2014 година.
XS
SM
MD
LG