Достапни линкови

Јанукович на разговори за кризата во Украина


Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска ќе учествува на разговорите за начините за излез од ќорсокакот со демонстрантите кои бараат негова оставка откако тој не ја потпиша Спогодбата за асоцијација со Европската унија. На разговорите ќе учествуваат и екс претседателот Леонид Кравчук, еден од опозициските лидери Виталиј Кличко, како и други украински политичари и верски лидери. Опозицијата претходно одбиваше да биде дел од разговорите. Во меѓувреме, проевропските демонстранти и натаму се на Плоштадот на независноста.
XS
SM
MD
LG