Достапни линкови

САД и Јужна Кореа загрижени за егзекуцијата во Северна Кореа


Соединетите држави и Јужна Кореа изразија загриженост откако Северна Кореја соопшти дека моќниот тетин на лидерот Ким Џонг Ун е егзекутиран поради предавство. Владата во Сеул изрази загриженост поради развојот на настаните во Пјонгјанг. Белата куќа соопшти дека ако се потврди информацијата за егзекуцијата, тоа ќе биде „уште еден пример за бруталноста на севернокорејскиот режим“. Државните медиуми објавија дека Џанг Сонг Тек, кој се сметаше за втор најмоќен човек во земјата, бил осуден на смртна казна од воениот суд. На неговата егзекуција се гледа како на веројатно најголем пресврт во севернокорејската хиерархија, откако Ким Џонг Ун дојде на власт пред две години. Деновиве Џанг беше разрешен од функциите и обвинет за финансиски малверзации, коцкање, швалерисување и злоупотреба на дрога.
XS
SM
MD
LG