Достапни линкови

Прашање е дали ќе се донесат заклучоци на собраниската расправа за притоворот и слободата на изразување, но ефектот ќе го видат граѓаните, велат од СДСМ.

Опозицијата се сомнева дека ќе се донесат некакви заклучоци од Надзорната расправа во Собранието посветена на правото на презумпција на невиност, притворот, слободата на изразување и правото на јавен протест. Пратеникот на СДСМ Јани Макрадули вели дека прашање е дали ќе се донесат заклучоци на расправата, но ефектот ќе го видат граѓаните.
Не се доби одговор ниту на едно поставено прашање и тоа доволно зборува. Власта не одговори на ниту едно поставено прашање и граѓаните добија впечаток, односно им се потврди тоа што го знаат.

„Не се доби одговор ниту на едно поставено прашање и тоа доволно зборува. Власта не одговори на ниту едно поставено прашање и граѓаните добија впечаток, односно им се потврди тоа што го знаат, по сите јавувања што синоќа ги имавме, се покажа дека тој дел се постигна како ефект, а дали ќе се донесат заклучоци не сум сигурен. И за Космос се донесоа заклучоци, надвор од Деловникот, Претседателот на Собранието никогаш не ги стави на седница“, вели Макрадули.

Пратениците од опозицијата кои ја иницираа расправата вчера мафтаа со фотографии од притвореници, затвореници, лици и настани за кои ја обвинуваат власта дека стои зад нив.
Премиерот Никола Груевски порача дека како претставник на извршната власт, не може да се меша во судската, а за притворот може да зборува само повикувајќи се на анализи. Министерката за внатрешни
Мислам дека првата фаза ќе покаже дека власта нема волја да слушне и да послуша, нешто што се кажува, ама е добро да видат кој како се однесува.
работи Гордана Јанкуловска пак зборувајќи за правото на јавен протест, се осврна на протестот на новинарите велејќи дека тој не бил уредно најавен и немало редарска служба.

Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов вели дека согледувајќи ја сегашната ситуација во која се наоѓа земјата и местото на Парламентот кое му е доделено само одржувањето на надзорни расправи е исчекор кон подобро.

„Мислам дека првата фаза ќе покаже дека власта нема волја да слушне и да послуша, нешто што се кажува, ама е добро да видат кој како се однесува. Втората фаза, може после шест месеци или година дена, ќе биде кога ќе треба конкретни заклучоци да се донесат врз основа на наодот што го утврдила надзорната расправа за да се сносат некои консеквенци.“

Но, Андов додава дека тоа е само првиот чекор, бидејќи смислата на расправите е да се положи сметка за работата на владата.

„Ако се најде дека има некои отстапувања од законот или отстапувања од Устав, не треба тоа уставен закон тоа да го прави, затоа се овие надзорни расправи и тие кога ќе укажат, тогаш треба било кое мнозинство да не гледа лицето или органот од која партија е, тука да гледа дали навистина се нашле за да носи консеквенци.“

Правобранителот на вчерашната расправа посочи на лошите услови од одредени затвори и наведе дека апелирал неколкупати мерката притвор да не се определува толку често, но за најголем број од прашањата тој рече дека не се во негова надлежност. Јавниот Обвинителот рече дека обвинителството работи беспрекорно и досега немало аргументирани поплаки, а што се однесува на многуте отворени предмети за кои се чека реакција од Обвинителство, тој вели дека се работи на нив.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG