Достапни линкови

„Разбуди се“ против новите градби во Скопје


Граѓанското движење „Разбуди се“ остро реагира против почетокот на градежните работи за изградба на хотел и на, како што се наведува во денешното соопштение, „поранешниот српски офицерски дом во центарот на Скопје врз темелите на Џамијата Бурмали“. Движењето смета дека овие последователни напори на Владата на Македонија креираат впечаток на промислени проекти за поттикнување на етнички реакции, за продлабочување на етничките и верските разлики за да се постигнат политички и изборни придобивки. „Оваа краткорочна политика и штети многу на иднината на Македонија, но и на довербата меѓу етничките заедници, верската толеранција како и меѓуетничките односи“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на „Разбуди се“.
XS
SM
MD
LG