Достапни линкови

Во Јемен, во напад со беспилотно летало, 15 загинати


Во напад, најверојатно извршен од американско беспилотно летало, во Јемен загинале 15 луѓе, повеќето од нив цивили. Новинските агенции, повикувајќи се на претставници на локалните власти, јавуваат дека била погодена една свадбена поворка и оти меѓу загинатите имало и членови на терористичката мрежа Ал Каеда. Соединетите држави ги инетнзивираа нападите со бесплиотни летала на Арапскиот Полустров како дел од кампањата против Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG