Достапни линкови

Прекинати експертските преговори со Иран


Иранската новинска агенција ИРНА јави дека експертските преговори меѓу Иран и шесте светски сили во Виена биле прекинати, бидејќи иранската делагација побарала дополнителни консултации со Техеран. До ова дојде откако Соединетите држави вчера најавија чекори за замрзнување имот на десет фирми и поединци обвинети за прекршување на санкциите кон Иран. Разговорите се со цел да се прецизираат начините како да се спроведе договорот од минатиот месец за шестмесечно замрзнување на иранската нуклеарна програма во замена за ограничано олеснување на меѓународните санкции.
XS
SM
MD
LG