Достапни линкови

Во Тирана одбележани 20-години дипломатски односи меѓу Македонија и Албанија


претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски

претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски

Односите меѓу Македонија и Албанија во изминатите дваесет години постојано се продлабочуваат и никогаш не биле подобри, а целта на двете земји е влезот во европското семејство. Меѓу предизвиците останува почитувањето на правата на етничките заедници, на македонската во Албанија и на албанската во Македонија.
Оваа оценка, како што јави МИА, ја изнесоа актуелни и поранешни политичари од двете земји на синоќешниот прием во Тирана на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. На приемот, организиран од македонската амбасада во Тирана, присуствуваа претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски, кој е во официјална посета на Албанија, неговиот албански колега Илир Мета, министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, поранешниот претседател на Албанија Бамир Топи, други поранешни фунцкионери во албанската влада, претставници на дипломатскиот кор и на здруженијата и партиите на Македонците во таа земја.
XS
SM
MD
LG