Достапни линкови

САД продолжуваат со поддршката за умерените бунтовнички сили во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

САД продолжуваат да ги поддржуваат умерените бунтовнички сили во Сирија, како и командантот на Слободната сириска армија стационирана на Запад, изјави американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел. Тој вели дека сепак останува суспензијата за неборбена помош за опозицијата во северниот дел на Сирија, сè додека Вашингтон не добие јасна проценка на ситуацијата по извештаите дека исламистичките борци презедоа контрола врз магацини во кои имало и американската воена опрема наменета за поддршка на умерената бунтовничка група стационирана на Запад. Хејгел вети дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош и поддршка за лидерот на Слободната сириска армија Салим Идрис. Според Хејгел, ситуацијата во Сирија е „непредвидлива, комплицирана и опасна“. САД и Велика Британија ја суспендираа неборбената помош на опозицијата во северна Сирија оваа недела.
XS
SM
MD
LG