Достапни линкови

Продолжување со санкциите од ОН кон Иран?


Илустрација: Нуклеарната постројка во Арак во Иран.

Илустрација: Нуклеарната постројка во Арак во Иран.

Претседавачот со Комитетот за санкции кон Иран во Советот за безбедност на ОН, австралискиот амбасадор Гери Куинлан, ги повика земјите членки да продолжат со санкциите кон Техеран поради спорната нуклеарна програма. Пред Советот за безбедност, тој изјави дека времениот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили е за поздравување, но оти државите мора да продолжат да ги исполнуваат своите законски обврски во ОН. Според договорот од 24 ноември, светските сили се согласија за делумно намалување на санкциите во замена за прекин на делови од нуклеарната програма на Техеран. Иран сепак не доби ослободување од санкциите наметнати од ОН. САД вчера најави чекори за замрзнување имот на десет фирми и поединци обвинети за прекршување на санкциите кон Иран.
XS
SM
MD
LG